Се подобрува здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на бендот ДНК, кој имаше тешки повреди и беше хоспитализиран во болницата „Систина“, дознава „Скопје1“. Според неофицијални информации, по повеќе од 40 дена на интензивна нега и под апарати, сега е преместен на оддел, каде и натаму ќе се третираат неговите повреди односно изгорениците по телото и на дишните патишта. Тој е веќе 46 дена на болничко лекување, првично беше сместен на Клиничкиот центар во Скопје, а потоа, преместен во приватната болница.
Според последните соопштени информации, во македонските болници се уште се лекуваат тројца пациенти, меѓу кои е и Панчо.
Од Бугарија, пред три дена, тројца пацинети беа вратени за Македонија и тоа на возраст од 19, 21 и 48 години. Сите во стабилна состојба.
Обвинителството на 21 март соопшти дека и Блажев-Панчо е осомничен за пожарот во дискотеката „Пулс“, а поради внесување на пиротехниката.
По несреќата, има 62 загинати лица и 197 лица беа повредени.