ПРВ.мк

[ВИДЕО] Интензивни градежни работи на делницата Врбјани – Охрид на автопатот Кичево – Охрид

[ВИДЕО] Интензивни градежни работи на делницата Врбјани – Охрид на автопатот Кичево – Охрид
Jumbo Banner

Интензивни градежни работи на делницата Врбјани – Охрид на автопатот Кичево – Охрид

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта,

Коце Трајановски информира дека со забрзано темпо се изведуваат градежни активности на автопатот Кичево – Охрид, со посебен акцент на делницата од село Врбјани, односно спуштањето од Пресека, до самиот влез во Охрид. Целта е до почетокот на летната туристичка сезона да се овозможи непречено и безбедно движење по нов асфалтен слој.

Воедно, упати апел до сите учесници во сообраќајот строго да ја почитуваат привремената сообраќајна сигнализација, поставена согласно одобрените проекти од Министерството за внатрешни работи и Министерството за транспорт и врски.

“ Работиме интезивно на изградбата на автопатот Кичево – Охрид,посебен акцент е ставен на делницата од село Врбјани (спуштањето од Пресека) до Охрид,се со цел пред летната сезона да се вози по нов асфалт.

Вооедно сакам да апелирам до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација која е поставена според одобрени сообраќајни проекти од страна на МВР и Министерството за транспорт.” стои во објавата на Коце Трајановски на социјалната мрежа Фејсбук.

Погледнете го видеото во продолжение:

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран