ПРВ.мк

Проблеми за Путин, Зеленски го одби предлогот за прекин на огнот: Украинскиот претседател го откри своето барање

Проблеми за Путин, Зеленски го одби предлогот за прекин на огнот: Украинскиот претседател го откри своето барање
Jumbo Banner

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на Владимир Путин за тридневен прекин на огнот по повод 9 Мај. Наместо тоа, како што објави „Униан“, Зеленски инсистира на прекин на огнот што би траел 30 дена.

Тој беше дециден дека Украина не може да гарантира безбедност на светските лидери во Москва на 9 Мај, особено ако ситуацијата на фронтот остане нестабилна. За време на разговорот со новинари, Зеленски изјави дека не сака да се впушта во, како што ги нарече, „краткорочни игри“ со примирјата што ги предлага Путин.

Според него, доколку навистина постои волја за деескалација, тогаш 30-дневно примирје би било најсоодветно. Зеленски додаде дека за неколку дена не може реално да се постигне ништо конкретно или одржливо.

Интересно е што во овој контекст, тој се согласи со изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека токму 30-дневното примирје со Русија може да биде првиот вистински чекор кон некакво решение.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран