ПРВ.мк

Доколку одите на летување во Грција, внимавајте на ова, може да завршите во затвор!

Доколку одите на летување во Грција, внимавајте на ова, може да завршите во затвор!
Jumbo Banner

Од јануари во Грција стапи на сила забрана за поставување шатори и паркирање на приколки, полуприколки и кампери на археолошки локалитети, крајбрежни делови, плажи, рабови на јавни шуми и други јавни простори. За прекршителите предвидени се парични казни од 300 евра или затвор до три месеци, пишува „Катимерини“.

Казните ќе ги изрекуваат полицијата или крајбрежната служба. При контролите, казните ќе ги одредува полицаецот присутен при проверката. Притоа, на местата каде што е дозволено паркирање, не се дозволува зафаќање дополнителен простор. Според новите прописи, грчките граѓани не смеат да сместуваат повеќе од еден кампер на приватни имоти бесплатно.

Законот беше изгласан крајот на јануари, но стана актуелен по неделниот инцидент на Пелопонез, кога тројца кампери добиле казна од 300 евра за непрописно паркирање на бесплатен јавен паркинг, кој не имал никаква ознака за забрана за кампери.

На ова реагираше Грчкиот клуб на кампери, чии членови биле казнети. Управниот одбор реши да се обрати до министрите за туризам и транспорт за појаснување на член 27 од законот и ќе ја покрене оваа тема и во Парламентот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран