Утре свечено ќе бидат започнати работите на новиот автопат од Тетово до Гостивар, а за делницата од околу 25 километри ќе се потрошат 90 милиони евра,соопштија од Владата.
„Проектот за изградба на автопатот Тетово-Гостивар опфаќа и 9 натпатници од кои: 8 натпатници за поврзување на локалните патишта со новопроектиранит паралелен пат, еден натпатник за новата клучка во Општина Боговиње и Општина Врапчиште. За реконструкција на клучката за излез од Тетово ќе се користи постоечкиот натпатник. Изградбата на автопатот Тетово-Гостивар ќе чини 90 милиони евра“, пишува во соопштението.
На утрешниот настан ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.