ПРВ.мк

[ВИДЕО] Нов напад во Германија – возач влетал во толпа со џип, има повредени

[ВИДЕО] Нов напад во Германија – возач влетал во толпа со џип, има повредени
Jumbo Banner

Шест повредени во инцидент во Штутгарт – возач со џип влета во толпа луѓе

Нов сериозен инцидент го потресе Штутгарт, Германија – најмалку шест лица се повредени откако возач со теренско возило влетал во група луѓе во градскиот центар. Според првичните информации од германските медиуми, сè уште не е познат степенот на повредите кај повредените.

Настанот се случил денеска попладне во покраината Баден-Виртемберг, и претставува уште еден во низата слични инциденти што ја потресуваат Германија последниве години.

Возилото, марка „Мерцедес“, го управувал 42-годишен маж, кој веднаш по настанот е уапсен. На местото на инцидентот пристигнале повеќе амбулантни и противпожарни тимови. Засега не се познати мотивите за нападот, а истрагата е во тек.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран