ПРВ.мк

Запалени куќата и станот на Зоки Фаци, каде по смртта живеат неговите внуци: Објави Стефан Лазаров

Запалени куќата и станот на Зоки Фаци, каде по смртта живеат неговите внуци: Објави Стефан Лазаров
Jumbo Banner

Јутјуберот Стефан Лазаров објави дека се запалени куќата и станот на новинарот Зоки Фаци, каде по неговата смрт живеат внуците. 

Лазаров во објавата, опишува дека ваквата ситуација е резултат на неказнивост и рекација на институциите.

„Оваа објава мора многу сериозно да се сфати од сите институции. Ова утро за малку беше избегната уште една трагедија! Следново што ќе го прочитате е уште еден показател дека живееме со монструми, а систем да не заштити нема, пишува Стефан Лазаров. Ова утро за малку не беа запалени куќата на Зоки Фаци во Катланово и станот во Ново Лисиче во кој сега откако Зоки почина живеат неговите внуци и сестра. Зградата се наоѓа веднаш до основното училиште Лазо Ангеловски и не сакам да помислам колку ќе беше страшно доколку комшиите не изреагираа на време, затоа што пожарот започнал во ходникот на зградата и можел да се прошири низ цел спрат! Е сега се ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од ТАТКОТО на внуците на Зоки (неговиот зет). Подолг период ги малтретира, им упатува закани по живот, е хроничен алкохоличар, пријавуван 100 пати досега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие“, пишува Лазаров.

Лазаров посочува дека ова утро додека куќата во Катланово ја гаснат, таткото им се јавува и им најавува дека ќе го запали и станот, додека тие возат накај Катланово.

„Човекот е уапсен, вечерва во 21:00 е пред судија. Ги повекувам сите медиуми да извршат притисок за човекот да оди во затвор. Семејството на Зоки живее со месеци во страв и агонија. Човекот е неколку пати и пријавуван за семејно насилство“, вели Лазаров.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран