Утринава во 7 часот и 26 минути жена била прегазена во близина на АМСМ на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во центарот на Скопје. Патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во жената која била пешак по што таа е пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, потврдија од МВР за „Слободен печат“.
Излезено е на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, додаваат оттаму.
Сообраќајот на делницата беше пренасочуван рано изутринава вклучително и автобуската линија со број „5“ на Јавното сообраќајно претпријатие. Сообраќајот во овој дел на Скопје изутринава беше исклучително растоварен, односно со мал број на возила.