На 02.05.2025 во 00:20 часот во Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.З.(33) од с.Мала Речица, кој претходниот ден околу 22:30 часот бил пријавен од Н.Р.Д.(60) од с.Мала Речица, дека околу 21.20 часот се обидел да изврши тешка кражба во куќа во с. Мала Речица. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.