ПРВ.мк

ТРИ МЕСЕЦИ, ТРИ БАНКИ, три милијарди денари профит

ТРИ МЕСЕЦИ, ТРИ БАНКИ, три милијарди денари профит
Jumbo Banner

Трите најголеми македонски банки покажуваат голема отпорност кон случувањата, ризиците и неизвесностите надвиснати и на глобално и на локално ниво, пишува pari.com.mk

Високата профитабилност ги следи во секое време и без оглед на променливата „среќа“ во одделни сегмент од работењето, некои и клучни, во финансиските изештаи запишуваат големи резултати. Уште повеќе, ова е само почетната фаза од годината, што претпоставува дека имаат доволно простор да го надоместат загубеното.

Со сите свои минуси и плусови, Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје и НЛБ банка имаат заедничка добивка од безмалку три милијарди денари. Или, 48,3 милиони евра. Подобри се за нешто повеќе од четири милиони евра, со оглед на збирот од пред една година, од 44,2 милиони евра.

Во тримесечниот период, Комерцијална банка и НЛБ банка имаат профит без задршка. Или, бележат раст во споредба со ланскиот прв квартал. Кај најголемата банка зголемувањето е за 20,1 насто, а добивката е во износ од 23 милиони евра. Нагорното движење е поуспешно од она на релацијата март 2023 – март 2024, од 13,4 проценти.

Добивката на НЛБ е 11,7 милиони евра, зајакната за 6,1 процент. Инаку, на 31 март 2024 година, оваа банка кај профитот имаше потфрлување од 15,5 отсто во споредба со годината пред тоа.

Скопската Стопанска банка, пак, која лани ова време имаше убедливо најголем раст кај профитот (23,4%), сега минусира 3,29 проценти. А нето-износот на добивката е 13,5 милиони евра.

Прочитај го целиот текст на pari.com.mk

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран