ПРВ.мк
Балкан

СРБИНКА НАПРАВИ НЕОБИЧНА КРАЖБА ВО ХРВАТСКА: Украла лежалки и чадор, па доби забрана за влез во ЕУ!

СРБИНКА НАПРАВИ НЕОБИЧНА КРАЖБА ВО ХРВАТСКА: Украла лежалки и чадор, па доби забрана за влез во ЕУ!

Несекојдневен случај ја привлече вниманието на хрватската јавност откако 38-годишна државјанка на Србија била уапсена под сомнение дека украла лежалки и чадор за сонце од приватен имот, по што добила и дополнителна мерка – забрана за влез и престој во Европскиот економски простор.

Според информациите од полицијата, жената е осомничена дека во неделата околу 14 часот влегла во дворот на куќа во сопственост на 59-годишен маж во подрачјето на Сукошан, каде што ги однела предметите.

Од имотот, според пријавата, биле украдени еден чадор за сонце и три лежалки, кои подоцна биле пронајдени кај осомничената.

Полициските службеници ја привеле жената во средата, а при спроведеното криминалистичко истражување украдените предмети биле одземени и ќе му бидат вратени на сопственикот.

Против неа ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство во Задар поради сомнение за сторено кривично дело кражба.

Но, освен кривичната постапка, хрватските власти презеле и дополнителни мерки. На државјанката на Србија ѝ било изречено протерување од територијата на Европскиот економски простор, како и забрана за влез и престој во земјите од ЕЕП во период од една година.

Полицијата утврдила и дека жената не го почитувала рокот за пријавување на своето сместување за време на престојот во Хрватска, поради што против неа биле преземени и прекршочни мерки.

Случајот предизвика реакции поради необичниот избор на предмети што биле цел на кражбата, но и поради строгата дополнителна мерка што ѝ била изречена по интервенцијата на полицијата.