ПРВ.мк
Балкан

Предлог-санкции за затворска казна до 40 години за возење во пијана состојба!

Предлог-санкции за затворска казна до 40 години за возење во пијана состојба!

Агенцијата за безбедност во сообраќајот во Србија предлага воведување на драстично построги казни за возење под дејство на алкохол, вклучително трајна конфискација на возила и затворски казни што можат да достигнат дури 40 години.

Семејствата на жртвите особено нагласуваат дека недостатокот на каење кај сторителите го зголемува нивниот бол и бараат посилни санкции. Само оваа година, 39 луѓе загинаа поради возење во пијана состојба на српските патишта, вклучувајќи и деца, а повеќе од 1.100 лица беа повредени. Уште поразителни се бројките за возачите под влијание на алкохол: кај над 1.200 лица беше откриено дека имале од 1 до 2 промили, а кај речиси 700 возачи нивото било над 2 промили. Овие бројки не се само статистика, туку трагедии што можеле да се избегнат.

Последниот ваков случај се случи ноќта меѓу саботата и неделата во Нов Белград, кога 24-годишниот Никола Ѓ. возел Ауди низ црвено светло, под дејство на алкохол и дрога, и удрил во Хјундаи во кое се возеле Бојан Ж, неговата сопруга и син (9), кои загинале на самото место.

Дејан Стевиќ од сообраќајната полиција истакнува дека ваквите поединци предизвикуваат најмногу несреќи. „Граѓаните генерално се однесуваат одговорно во сообраќајот, но секогаш има поединци кои се сметаат за неуништливи и ги игнорираат законите на физиката. Во изминатиот период конфискувавме околу 400 возила на повратници, но планираме воведување уште построги мерки, вклучително трајно одземање на возила и возачки дозволи.“

Агенцијата за безбедност предлага казните за возење под дејство на алкохол што одземаат животи да се изедначат со оние за брутално убиство, со затвор до 40 години. Дополнително, се предлага трајно одземање на возилата без разлика на сопственост и значително зголемување на другите парични казни.

„Над 40% од граѓаните сметаат дека казните за најтешките сообраќајни прекршоци треба да бидат многу построги и повисоки, со затворски казни, парични санкции и одземање на возила“, објаснува Вељко Ќурчиќ од Агенцијата за безбедност во сообраќајот.

Семејствата на жртвите често велат дека возачите не покажуваат каење за трагедиите што ги предизвикале. Еден таков пример е четиригодишниот Деспот Мрѓиќ, кој загина пред пет години во Земун кога возач ја затворил вратата на автобусот прерано, а потоа продолжил да вози. „Тоа чудовиште, кое го уби моето дете, доби само две и пол години затвор и веќе е ослободено. Апсолутно не покажал ниту трага на каење“, изјавува таткото, Вукашин Мрѓиќ.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape