ПРВ.мк
Балкан

НЕОЧЕКУВАН ХУМАНИТАРЕН ПОТЕГ: Огнени јазици беснееат низ Франција, Србија ги испраќа своите херои - еве колку ќе пристигнат на помош!

НЕОЧЕКУВАН ХУМАНИТАРЕН ПОТЕГ: Огнени јазици беснееат низ Франција, Србија ги испраќа своите херои - еве колку ќе пристигнат на помош!

Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, испрати тим од 37 пожарникари-спасувачи и медицински персонал во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари, преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. Темот, кој вклучува 34 пожарникари и тројца медицински лица со 15 возила, ќе биде стациониран во градот Вело на југот од земјата.

Ова претставува втора меѓународна мисија на српските спасувачи ова лето, бидејќи тимови веќе дејствуваат и во Шпанија, каде што се распоредени 40 припадници со 17 возила и хеликоптер „Супер Пума“. Одговарајќи на коментарите дека Србија помага на поголеми и побогати земји или дека со тоа се остава незаштитена дома, Дачиќ нагласи дека овие акции ја покажуваат хуманоста, солидарноста и врвниот квалитет на српските служби, додавајќи дека за безбедноста на југот од земјата веќе е распореден голем хеликоптер „Камов“ во Ниш. По завршувањето на мисиите, припадниците ќе бидат пречекани и одликувани од државниот врв.

Најнови вести