ПРВ.мк
Балкан

ШОК НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ: Огромни мршојадци слетуваат меѓу туристите

ШОК НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ: Огромни мршојадци слетуваат меѓу туристите

Необични сцени се забележуваат ова лето на дел од грчките плажи – огромни мршојадци слетуваат во непосредна близина на туристите, лежалките и чадорите.

На социјалните мрежи се шират видеа од големите птици, чиј распон на крилјата може да надмине два метра. Нивното ненадејно појавување разбирливо предизвикува страв и изненадување кај капачите.

Сепак, причината не е агресивност.

Според организацијата АНИМА, во најголем број случаи станува збор за млади мршојадци кои поради екстремно високите температури се исцрпени и дехидрирани. Кога ќе останат без сила, птиците се принудени да слетаат каде што ќе најдат можност – дури и на преполни плажи.

Особено многу вакви случаи се забележани на Крит, каде мршојадци биле пронаоѓани на плажи, покрај туристи, во морето, па дури и врз автомобили.

Само во последните денови од јули и почетокот на август, АНИМА примила повеќе од 20 млади мршојадци од Крит. Повеќето биле третирани поради дехидрација и исцрпеност, додека две птици морале да бидат оперирани.

Иако средбата со птица со распон на крилјата поголем од два метра изгледа застрашувачки, најчесто станува збор за исцрпени животни на кои им е потребна помош.