ПРВ.мк

Серија земјотреси регистрирани на грчкиот остров Евија

Серија земјотреси регистрирани на грчкиот остров Евија
Jumbo Banner

Серија земјотреси ја погодија Евија – причинета е штета на над 50 објекти

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер беше регистриран рано утринава, пред 3:30 часот, во северниот дел на грчкиот остров Евија. Овој потрес е дел од низата сеизмички активности во истиот регион во последните 24 часа, кои предизвикаа помала материјална штета и пукнатини на над 50 објекти.

Претседателот на грчката Организација за антисеизмичко планирање и заштита, Ефтимиос Лекас, изјави за државната телевизија ЕРТ дека засега нема простор за поголема загриженост, но дека ситуацијата се следи внимателно. Жителите добиле соодветни упатства за постапување во случај на понатамошни потреси.

„Од самиот почеток нагласив дека ќе има земјотреси со јачина од 4 до 5 степени во наредните денови“, додаде Лекас, истакнувајќи дека ова е очекувано продолжение на веќе започнатата сеизмичка активност.

Во изминатото деноноќие беа регистрирани десетици помали потреси, од кои најсилните беа со јачина од 4,1 и 4,4 степени и беа почувствувани дури и во Атина.

Градоначалникот на општината Мантуди, Јоргос Цапуриотис, изјави дека „многу домови имаат пукнатини, а некои објекти имаат и поголеми оштетувања“, посочувајќи дека бројот на оштетени структури надминува 50.

Како мерка на претпазливост, со одлука на градоначалникот, сите училишта во општината се затворени денеска, за да се овозможи увид и проценка на безбедноста на објектите од страна на надлежните служби.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран