ПРВ.мк

Паника во Грција по утринската серија земјотреси – сеизмолозите со повик за зголемено внимание

Паника во Грција по утринската серија земјотреси – сеизмолозите со повик за зголемено внимание
Jumbo Banner

Грција се соочува со зголемена сеизмичка активност, откако во текот на изминатите 24 часа беа регистрирани неколку земјотреси во регионот на северниот дел од островот Евија, како и во поширокиот реон на Атина. Утринскиот потрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала предизвика вознемиреност кај населението, а експертите повикуваат на претпазливост.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичка заштита на Грција (ОАСП), Ефтимиос Лекас, како и познатите сеизмолози Акис Челентис и Василис Карастатис од Геодинамичкиот институт, предупредија дека земјотресите може да продолжат и во наредните денови. Се проценува дека се можни потреси со јачина меѓу 4 и 5 степени, додека Челентис не ја исклучува и веројатноста за потрес од 5,5 степени на истото подрачје.

Карастатис, пак, ја нагласи позитивната околност што регионот историски не бил погоден од разорни земјотреси, што дава одредена надеж дека не се очекуваат катастрофални последици.

Најголеми оштетувања се регистрирани во општината Агија Ана – Мантудио, каде што, според локалниот градоначалник Јоргос Капурниотис, досегашните проценки покажале дека повеќе од 50 куќи се оштетени, а дел од нив се прогласени за небезбедни за живеење.

Покрај потресите на Евија, утрово беа почувствувани и неколку послаби земјотреси во јужна Грција, особено во Средоземното Море. Земјотрес од 3,2 степени беше регистриран кај островот Кефалос на длабочина од 15 километри, а уште еден од 2,7 степени кај островот Крит. Активност е забележана и во околината на Халкидики.

Грчките сеизмолози продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата и апелираат граѓаните да бидат подготвени и да се придржуваат до безбедносните протоколи.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран