Вечерва во марината во Будва избувна голем пожар кој го зафати луксузниот брод на бизнисменот Брацо Мирановиќ, а дополнително уште две јахти во радиус од околу 500 метри се зафатени од огнот.
Пожарот бил забележан рано навечер, а на терен веднаш излегле пожарникарски и полициски екипи кои обезбедуваат безбедност во марината. Јахтата на Мирановиќ била извлечена на отворено море за да се заштитат останатите пловила.
Раководителот на Службата за заштита и спасување во Будва, Драган Божовиќ, изјави дека во гаснењето учествувале седум екипи. Причината за инцидентот сè уште не е утврдена, а истрагата продолжува.