ПРВ.мк
Балкан

Чудо од небото – Пороен дожд ја спаси Црна Гора од огнената стихија, пожарникарите заплакаа од радост

Чудо од небото – Пороен дожд ја спаси Црна Гора од огнената стихија, пожарникарите заплакаа од радост

По повеќедневната борба со катастрофалните пожари, Црна Гора конечно здивна – силен дожд со поројни врнежи падна во повеќе региони и им помогна на исцрпените пожарникари да ја совладаат огнената стихија.

Во Пипери речиси сите жаришта се изгаснати, освен кај Риека Пиперска, каде што огнот сè уште се шири кон планинските предели. Но, од Службата за заштита и спасување во Подгорица објавија историска победа над пожарите што со денови ја пустошеа околината.

„Заедно успеавме“, порачаа пожарникарите, благодарејќи им на граѓаните, војската, доброволците и колегите од странство. Со трогателна порака тие истакнаа дека поддршката од народот им била најголемата сила: „Ви благодариме за секоја капка пот, за солзите и за надежта. Вашата насмевка ни даде сила да издржиме“.

Потпретседателот на Собранието на главниот град, Драгутин Вучиниќ, објави дека „Пиперски Бротњик е без оган“ и испрати голема благодарност до сите што помогнаа.

И од Никшиќ пристигнаа добри вести – дождот ги изгасна пожарите во Пиштете, Дубрава и Дуга, а активен остана само оној кај Петровиќи, кој се прошири високо во планината и не ги загрозува куќите. Според последните информации, дожд почнал да паѓа и таму, па пожарникарите веруваат дека и тој наскоро ќе биде совладан.

Најемотивен момент – пожарникарите заплакаа од среќа кога дождот конечно падна. Црна Гора вечерва ја очекува уште еден дождовен бран со грмежи, кој би можел целосно да стави крај на кошмарот.

По денови на пекол и борба со пламенот, државата конечно гледа светло на крајот од тунелот.

Escape