ПРВ.мк
Македонија

Ново невреме го погодува регионот – Љубојно на удар, сега следи и Скопје!

Ново невреме го погодува регионот – Љубојно на удар, сега следи и Скопје!

По разорното невреме што ја погоди Љубојно и околината на Ресен во неделата (17 август), при што беа поплавени улици и оштетени куќи, денес (понеделник, 18 август) нашата земја повторно влегува под влијание на опасна временска нестабилност.

Македонија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса поврзана со атмосферски фронт кој пристигнува од север, носејќи со себе поладен воздух на висина.

Какво време не очекува денес? Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени поројни дождови, грмежи и засилен ветер низ повеќето делови на државата. Локално, се очекуваат интензивни атмосферски процеси со опасност од:

  • Обилен пороен дожд
  • Силен ветер
  • Електрични празнења (громови)
  • Појава на град

И Скопје нема да биде поштедено. Во главниот град и околината денес се предвидува нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во некои делови од котлината постојат услови за локализирано невреме проследено со силен ветер и потенцијален град.

Температури денес:

  • Во земјата: од 25 до 34°C
  • Во Скопје: до 32°C

Важни препораки до граѓаните: Поради сериозната нестабилност во атмосферата, се апелира до сите граѓани:

  • Да не се задржуваат на отворени простори за време на грмежи.
  • Да избегнуваат престој под осамени дрвја.
  • Да не ги паркираат возилата во близина на стари или незаштитени дрвја, особено при силен ветер.
Escape