Мало летало со едно лице се урнало нешто по 10 часот во местото Роковци, во близина на Винковци, Хрватска.
Според првичните, неофицијални информации, пилотот бил повреден во несреќата, а леталото паднало во нива со пченка која се наоѓа веднаш покрај пистата.
По пријавата за несреќата, на местото веднаш биле упатени повеќе итни служби, кои презеле активности за справување со последиците од падот и пружање помош.
На терен бил испратен и хеликоптер на итната медицинска помош, кој треба да помогне во згрижувањето и транспортот на повредениот пилот.
Засега нема дополнителни информации за околностите под кои дошло до падот на леталото. Надлежните служби треба да утврдат што ја предизвикало несреќата.




