Никола К. (24) и Никола Ш. (24) се во критична состојба во Ургентниот центар, каде што лекарите се борат за нивните животи по бруталниот напад што се случи завчера околу 3 часот наутро во познат угостителски објект во Нов Белград.
Според најновите информации од истрагата, двајцата пријатели седеле во локалот во Нов Белград со свои другарки, додека на соседната маса седеле тројца младичи. Во еден момент, еден од нив – видно под дејство на алкохол – почнал да се однесува непримерено, да им добавува и да ги навредува девојките.
Наводно, кога Никола К. и Никола Ш. реагирале и застанале во заштита на своите другарки, избила расправија. Се сомнева дека пијаниот насилник тогаш извадил нож од џебот и ладнокрвно на двајцата им зарил сечило директно во градите.
Додека младичите лежеле недвижно на подот во локва крв, другите двајца од таа група пришле и продолжиле бесомучно да ги удираат со раце и нозе.
Никола К. здобил две убодни рани во градите, а Никола Ш. една. По итната хируршка интервенција, двајцата се под постојан лекарски надзор во тешка состојба.
За грозоморниот инцидент веднаш било известено Вишото јавно обвинителство во Белград. Полицијата интензивно трага по напаѓачите, а во тек е детална проверка на снимките од безбедносните камери во локалот и околината.





