ПРВ.мк
Македонија

НАПАД НА РАБОТНО МЕСТО: Вработен во здравствена установа бил физички нападнат!

НАПАД НА РАБОТНО МЕСТО: Вработен во здравствена установа бил физички нападнат!

Инцидент во здравствена установа во скопската општина Карпош бил пријавен во полицијата, откако 56-годишен вработен пријавил дека бил физички нападнат на работното место.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во средата во СВР Скопје, Д.О. (56) од Скопје пријавил дека во здравствената установа во која работел, на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од Г.Н.

Полицијата презема мерки за расчистување и целосно документирање на случајот, при што треба да се утврдат сите околности околу пријавениот напад.