ПРВ.мк
Балкан

ТЛОТО СЕ ТРЕСЕШЕ: Два земјотреси еден по друг - еве каде е епицентарот!

ТЛОТО СЕ ТРЕСЕШЕ: Два земјотреси еден по друг - еве каде е епицентарот!

Два посилни земјотреси ја погодија Грција во текот на утрото, при што двата потреса имале магнитуда над 4 степени според Рихтеровата скала.

Првиот и посилен земјотрес бил регистриран околу 6:40 часот. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), тој бил со магнитуда од 4,3 степени, а епицентарот се наоѓал на околу 25 километри од островот Скијатос.

Потресот бил регистриран на длабочина од приближно 10 километри, поради што бил почувствуван во околните подрачја. Жителите кои го почувствувале земјотресот на страницата на EMSC опишувале дека зградите се затресле, а дел од нив почувствувале нишање на креветите.

„Зградата се затресе“, „беше силен, но краткотраен“ и „чувствував како креветот ми се ниша“ се дел од сведоштвата што ги оставиле граѓаните по првиот потрес.

Но, земјотресната активност не завршила тука.

Неколку часа подоцна, во 9:42 часот, бил регистриран уште еден земјотрес со магнитуда од 4,2 степени.

Според информациите на грчкиот весник „Катимерини“, вториот потрес се случил во морскиот дел, на околу пет километри источно од Василика, во северниот дел на островот Евија.

Во првичната проценка на Геодинамичкиот институт било наведено дека хипоцентарот на вториот земјотрес се наоѓал на длабочина од околу 16,8 километри.

Според досегашните информации, и овој потрес бил почувствуван во поширокиот регион, а дел од жителите на Атика пријавиле дека го почувствувале земјотресот.

Двата земјотреса предизвикале вознемиреност кај населението, но во достапните информации нема наведени податоци за причинета материјална штета или повредени лица.