ПРВ.мк
Балкан

Првични резултати шокираат - еве кои води на изборите во Бугарија!

Првични резултати шокираат - еве кои води на изборите во Бугарија!

Поранешниот претседател Румен Радев извојува убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија, според првичните излезни анкети. Неговата коалиција „Прогресивна Бугарија“ освои меѓу 38 и 39 отсто од гласовите, што претставува еден од најсилните изборни резултати во земјата во последните децении.

Овој резултат се смета за историски, бидејќи вакво ниво на поддршка за една политичка опција не е забележано од 2009 година.

Во меѓувреме, партијата ГЕРБ доживува значителен пад и според проценките освојува меѓу 14 и 16 отсто, што претставува еден од нејзините најслаби резултати досега. Сличен резултат бележи и коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), која се движи околу 14 отсто.

На четвртата позиција се наоѓа „ДПС – Нов почеток“ на Делјан Пеевски со околу 8 отсто, додека „Преродба“ има приближно 5 отсто. За БСП останува неизвесно дали ќе го помине изборниот праг за влез во парламентот.

Иако Радев има значајна предност, според моменталните проценки, на неговата коалиција ѝ недостасуваат околу десетина пратеници за самостојно мнозинство од 121 мандат, што значи дека ќе биде неопходно коалиционо договарање.

Дополнителна сложеност носи и потребата од уставно мнозинство од 160 пратеници за најавените реформи во правосудниот систем, вклучувајќи промени во Високиот судски совет и обвинителството, што најавува долги и тешки политички преговори во новиот состав на бугарското Собрание.