ПРВ.мк
Балкан

По смртоносниот пожар, директорот на Домот за пензионери поднесе оставка!

По смртоносниот пожар, директорот на Домот за пензионери поднесе оставка!
Kristal

Голем пожар во Домот за пензионери во Тузла остави бројни повредени и предизвика оставка на директорот Мирсад Бакаловиќ.

Според последните информации, 30 лица се хоспитализирани во Универзитетскиот клинички центар Тузла, додека уште повеќе повредени се пријавиле за медицинска помош. Меѓу хоспитализираните се петмина пожарникари и тројца полицајци, додека четворица штитеници на Домот се на механичка вентилација.

Местото на пожарот е под силно полициско обезбедување, а пристапот до објектот е забранет. Истрагата започна рано утринава со присуство на инспектори за заштита од пожари, истражен тим на полицијата и вештаци, со цел да се утврдат причините за несреќата.

Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, најави дека делегација ќе отпатува во Тузла за санација на Домот и згрижување на корисниците, како и формирање на тим кој ќе ги посети институциите во надлежност на ФБиХ.

Претседателот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, изрази сочувство до семејствата на настраданите и понуди помош од државните институции.

Escape