Педесет и двегодишен маж е уапсен во Грција откако под дејство на алкохол со возилото ја пробил главната влезна капија на воена база во Аргос Орестико, во северниот дел на земјата.
Инцидентот се случил во саботата, а за среќа нема повредени лица. Воениот персонал кој бил на должност на влезот во базата за малку избегнал да биде погоден од возилото.
Според грчкиот јавен сервис ЕРТ, возачот не успеал навреме да ја намали брзината, по што со автомобилот ја урнал безбедносната рампа и влегол во кругот на воениот објект.
Полицијата го привела мажот, а надлежните органи започнаа истрага за да ги утврдат сите околности под кои се случил инцидентот.









