ПРВ.мк
Балкан

ПАНИКА НА ПОЗНАТ ФЕСТИВАЛ: Експлодира плинска боца, има повредени - ова се деталите!

ПАНИКА НА ПОЗНАТ ФЕСТИВАЛ: Експлодира плинска боца, има повредени - ова се деталите!

Десет лица се повредени во експлозија на гас што се случила во фестивалскиот камп на музичкиот фестивал „Таубертал“ во Франконија, во германската покраина Баварија.

Според информациите од локалната полиција, осум од повредените лица, на возраст меѓу 21 и 26 години, биле итно пренесени во болница, но за среќа никој од нив не се наоѓа во животна опасност. До несреќата дошло кога 26-годишен маж ракувал со кампинг-шпорет во кампот, при што се претпоставува дека поради несоодветно користење дошло до истекување и експлозија на гасот.

Инаку, фестивалот „Таубертал“ годинава го слави својот јубилеј – 30 години од постоењето, со предвидени настапи на околу 40 познати музички групи и со очекувана посететност од околу 15.000 посетители во природниот резерват каде што се одржува манифестацијата.