ПРВ.мк
Балкан

ПАНИКА НА БАЛКАНОТ: Нови закани за бомби во училишта, учениците итно евакуирани – полицијата на терен!

ПАНИКА НА БАЛКАНОТ: Нови закани за бомби во училишта, учениците итно евакуирани – полицијата на терен!

Неколку основни и средни училишта во Загреб утрово добиле дојави за поставени бомби, по што веднаш биле активирани безбедносните протоколи и започнати евакуации на учениците и вработените.

Според информациите што ги пренесуваат хрватските медиуми, директорите на училиштата без одложување организирале евакуација на децата, додека полицијата започнала проверки на објектите.

На терен биле испратени полициски екипи, како и специјално обучени кучиња за откривање експлозивни направи, а инспекциите во училиштата се во тек.

Во овој момент сè уште нема официјална информација дали наставата ќе продолжи по завршувањето на проверките, а од Одделот за јавни училишта во Загреб засега не излегле со дополнителни детали околу организацијата на денешниот наставен процес.

Ова не е прв ваков случај во Хрватска. Пред околу еден месец, дојави за бомби беа регистрирани во повеќе училишта во Загреб, Сплит и Риека.

Во изминатиот период, закани за поставени експлозивни направи пристигнуваа и во градинки, трговски центри и други јавни установи низ Хрватска, при што голем дел од досегашните проверки покажаа дека станувало збор за лажни пријави.

Сличен тренд на вакви закани претходно беше забележан и во повеќе земји од регионот, вклучително и Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, што дополнително ги зголеми безбедносните мерки во јавните институции низ Западен Балкан.

Најнови вести