ПРВ.мк
Балкан

ОВА Е СРПСКИОТ ФУДБАЛЕР УАПСЕН ЗА ШВЕРЦ НА КОКАИН: Превезувал дрога вредна 70 милиони евра!

ОВА Е СРПСКИОТ ФУДБАЛЕР УАПСЕН ЗА ШВЕРЦ НА КОКАИН: Превезувал дрога вредна 70 милиони евра!

Урош Милошевиќ (31), поранешен фудбалер, во моментов е во фокусот на меѓународната јавност, но не поради своите спортски успеси, туку поради сомнение дека е припадник на балканскиот картел, најмоќната организација за шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа.

Да потсетиме, тој беше уапсен во Португалија додека во комби превезувал 1,5 тон кокаин, а се сомнева дека негова дестинација била база во Шпанија, во местото Коста дел Сол.

Вредноста на дрогата се проценува на 70 милиони евра

– Се сомнева дека тој бил задолжен за копнениот транспорт на наркотиците од Португалија до Шпанија. Вредноста на дрогата што ја превезувал се проценува на 70 милиони евра, а при апсењето кај себе имал и две наполнети пушки – потсетува изворот на деталите од акцијата што ја спроведоа португалската и шпанската полиција. Покрај Милошевиќ, во истата акција се уапсени уште двајца Срби во Шпанија, но нивниот идентитет засега не е соопштен.

Инаку, уапсениот Урош Милошевиќ за време на фудбалската кариера настапуваше за неколку српски клубови, меѓу кои се Чукарички, ИМ Раковица, Телеоптик и Синѓелиќ Белград. Спортската кариера ја заврши во 2022 година.

На теренот имаше „тивка“ кариера, па заплива во други води

– Се сомнева дека тогаш запливал во некои други води. Од успешен спортист дојде до нарко-бос. Се поврзал со криминалци и практично станал дел од моќниот картел за шверц на големи количини наркотици – пишува шпанскиот портал Марка (Marca).

За разлика од помпезното апсење, Милошевиќ на теренот имаше „тивка“ кариера во домашните рамки.

– Првите фудбалски чекори и јуниорскиот стаж ги мина во редовите на белградскиот ФК Чукарички, а за време на професионалната кариера настапуваше исклучиво за клубови од пониските рангови на натпреварување и белградските лиги. Ги носеше дресовите на клубовите ИМ Раковица, ФК Телеоптик и Синѓелиќ Белград. Пред самиот крај на активното играње фудбал настапуваше за ОФК Жарково, а играчката кариера официјално ја заврши во летото 2022 година во дресот на екипата Умка – вели нашиот извор.

На Милошевиќ по апсењето во Португалија му е одреден притвор, а со неговото апсење, како што пишуваат локалните медиуми, му е зададен историски ударац на огранокот на балканскиот картел на Иберискиот Полуостров.