ПРВ.мк
Топ Вести

Ново правило на црногорските плажи ги подели туристите – еве што се менува!

Ново правило на црногорските плажи ги подели туристите – еве што се менува!

Лежалките и чадорите за сонце на црногорските плажи по 17 часот отсега ќе бидат бесплатни само за државјаните на Црна Гора, додека оваа поволност повеќе не важи за странските туристи, пренесува РТЦГ.

Според Договорот за користење на морското добро за сезоната 2026, закупците се должни по 17 часот бесплатно да им овозможат користење на лежалките и чадорите на граѓаните на Црна Гора, по приложување документ за идентификација.

Во претходните години оваа можност важеше за сите посетители на плажите, без разлика дали станува збор за домашни или странски туристи.

Во меѓувреме, на една плажа во Сутоморе било поставено известување дека никој не може бесплатно да користи лежалка по 17 часот доколку претходно не ја платил.

Директорот на ЈП „Морско добро“, Младен Микијељ, претходно изјави дека секој закупец кој ќе наплаќа плажен мобилијар по 17 часот ќе сноси последици.

Доколку на граѓаните на Црна Гора им биде наплатено користење на лежалки и чадори по 17 часот, тие можат да поднесат пријава до Службата за контрола на морското добро, а во случај на прекршување на прописите или доведување во заблуда на корисниците, случајот може да се пријави и до туристичката инспекција, која врши засилени контроли во текот на летната сезона.