ПРВ.мк
Балкан

Нови случаи на западнонилска треска во соседството: Бројот на заболени речиси се дуплираше

Нови случаи на западнонилска треска во соседството: Бројот на заболени речиси се дуплираше

Во Србија се регистрирани 18 случаи на западнонилска треска во периодот од 1 јуни до 30 август, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Бројот на регистрирани случаи е зголемен за седум во споредба со претходната недела. До 24 август биле евидентирани 11 заболени лица.

Според Институтот, случаите се регистрирани на територијата на седум окрузи во Србија. Од вкупно 18 заболени, 12 се мажи, а шест се жени, додека просечната возраст изнесува 63,2 години.

Западнонилската треска е вирусно заболување кое најчесто се пренесува на луѓето преку убод од заразен комарец. Сезонската активност на вирусот во Србија вообичаено се следи од јуни до ноември.

На граѓаните им се препорачува да применуваат мерки за лична заштита од убоди од комарци, особено во периодите од денот кога тие се најактивни.

Кај најголем дел од заразените лица инфекцијата може да помине без симптоми, додека кај помал дел може да се развијат симптоми, а ретко и потешки невролошки форми на заболувањето.