ПРВ.мк

Нови Сад ќе издвои 80.000 евра за семејствата на настраданите во Кочани

Нови Сад ќе издвои 80.000 евра за семејствата на настраданите во Кочани
VERO Banner

Советниците во Собранието на Нови Сад денеска одлучија да доделат донација од 10 милиони динари (околу 5 милиони денари или 80.000 евра) за помош на семејствата на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Оваа информација беше објавена од страна на градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, пред почетокот на седницата на градското собрание. Според него, средствата ќе бидат издвоени од буџетот на градот.

Седницата на градското собрание беше под знакот на неизвесност, бидејќи синоќа студенти-демонстранти го блокираа влезот во зградата на општината, обидувајќи се да ја спречат седницата на која беше разгледуван буџетот на градот за оваа година. Демонстрантите ја поминаа ноќта пред Градската куќа, а полицијата на крајот насила ги отстрани и седницата продолжи. Советниците на владејачката коалиција го изгласаа буџетот и останатите точки на дневниот ред.

Нови Сад, покрај трагедијата со падот на настрешницата на железничката станица во ноември, има и други слични искуства. Во 2008 и 2012 година, во два одделни пожари во угостителски објекти, загинаа вкупно 14 млади луѓе.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран