Популарниот бугарски актер Филип Буков покажа хуманост и солидарност со повредените во трагичниот пожар во Кочани, Република Македонија. Во знак на поддршка, тој се упати кон крводарителските центри во Софија, каде што донираше крв и упати емотивен апел до јавноста.
„Важно е многу да дадат малку, а не малку да дадат многу!“ – напиша Буков на својот Instagram профил, повикувајќи ги сите кои можат да даруваат крв за повредените.
Националното знаме на бугарското Народно собрание беше спуштено на половина копје на 18 март, во знак на жалост и солидарност со настраданите. Во исто време, во болниците „Пирогов“ и ВМА во Софија имаше голем број млади луѓе, подготвени да помогнат.
„Кој има можност, нека оди!“ – охрабрува Буков, нагласувајќи дека крводарувањето не само што спасува животи, туку е и корисно за здравјето на самите дарители.