Туристка од Србија е тешко повредена при пад од џет-ски во морската област Гларокавос на Касандра, во Грција.
Несреќата се случила вчера попладне, кога 36-годишната жена паднала од скутерот на вода во морето. При падот се здобила со повреда на главата и ја изгубила свеста.
Прва помош ѝ пружиле нејзиниот сопруг и менаџерот на компанијата за изнајмување пловила, по што пристигнала екипа на итната медицинска помош.
Жената најпрво била пренесена во Здравствениот центар Касандра, а поради сериозноста на повредите била префрлена во Општата болница Халкидики. Оттаму била транспортирана во болницата „Папаниколау“ во Солун, каде што е задржана на дополнителни прегледи и следење.
Случајот го истражуваат грчките надлежни служби, а во рамки на прелиминарната истрага бил уапсен 53-годишниот менаџер на компанијата што го изнајмила џет-скито.
Според информациите што ги пренесуваат грчките медиуми, тој се товари за прекршувања поврзани со изложување лице на опасност и нанесување телесни повреди од небрежност.
Во истрагата било утврдено и дека скутерот на вода ѝ бил изнајмен на 36-годишната жена иако, според наводите на надлежните, таа немала потребна дозвола за управување.
Истрагата продолжува, а надлежните треба да ги утврдат сите околности што довеле до несреќата.










