ПРВ.мк
Балкан

Доаѓа изненадувачки студен бран, а овој градот се бори со поплави

Доаѓа изненадувачки студен бран, а овој градот се бори со поплави

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветер и локален град денеска го зафати Сараево, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и поплавување на повеќе делови од градот.

Најпогоден беше централниот дел на Сараево, особено историската Башчаршија, каде што големи количини вода ги преплавија улиците и пешачките зони. Според локалните медиуми, водата се слевала од правец на Себиљ и се заканувала да навлезе во деловните објекти и продавниците.

Сопствениците и вработените во локалите се обидувале да спречат дополнителна штета, поставувајќи импровизирани бариери и отстранувајќи ја водата од влезовите.

Невремето донесе и значително намалување на температурите, предизвикувајќи ненадеен студен бран по периодот на топло време. Поради големото количество дожд за кратко време, на повеќе сообраќајници се создадоа проблеми и застои.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен, додека граѓаните беа повикани на дополнителна внимателност поради можноста од нови врнежи и локални поплавувања.