Од деловен објект бил отворен главниот сеф, од кој биле украдени неколку стотици илјади евра, изјавил сопственикот на компанијата.
„Она што е најважно во сето тоа е што никој од нашите вработени не е повреден“, изјавил сопственикот, додавајќи дека станува збор за сериозна кражба во која бил однесен поголем износ на пари.
Сопственикот вели дека поради тоа што кражбата се случила во недела, односно неработен ден, во сефот имало пари собрани од прометот за два дена.
„Бидејќи беше недела, неработен ден, во сефот имаше пазар од претходните два дена, и поради тоа дојде до оваа ситуација“, објаснил тој.
Според неговите зборови, компанијата постои околу 25 години и во тој период имало четири до пет слични случаи. Тој изразил задоволство од досегашната реакција на полицијата и очекување дека сторителите ќе бидат пронајдени.
„Од овој агол, мислам дека полицијата го решила секој од тие случаи“, рекол сопственикот.








