ПРВ.мк
Балкан

Македонци останаа без таблички во Грција – една грешка при паркирање скапо ги чинеше туристите!

Македонци останаа без таблички во Грција – една грешка при паркирање скапо ги чинеше туристите!

Непријатно изненадување доживеале дел од туристите кои летуваат во Грција, откако грчката полиција започнала засилени контроли во туристичкото место Пефкохори. Според сведоштва објавени на социјалните мрежи, на повеќе возила им биле изречени казни, а на некои од нив им биле одземени и регистарските таблички.

Предупредувањето беше споделено во Фејсбук групата „Грчка Инфо“, каде што се наведува дека полициската акција се одвива на магистралниот пат во близина на кружниот тек во Пефкохори. Според објавата, контролите се спроведуваат интензивно, а санкциите се изрекуваат веднаш по констатираниот прекршок.

„Полицајците на сите по ред им ги симнуваат табличките. Прво на едно грчко возило, потоа на џип со регистарски таблички од Неготино, па на автомобил од Велес, а потоа продолжија и со останатите. Ги симнуваат табличките и пишуваат казни. Работат експресно брзо“, се наведува во објавата.

Во моментов нема официјално соопштение од грчките власти за тоа кои конкретни прекршоци биле причина за изречените санкции. Сепак, според информациите што ги споделуваат туристите, можно е акцијата да е поврзана со неправилно паркирање или други сообраќајни прекршоци.

Поради тоа, на сите кои престојуваат во Грција им се препорачува внимателно да ги почитуваат локалните сообраќајни правила, особено прописите за паркирање. Непочитувањето на правилата може да резултира не само со парична казна, туку и со привремено одземање на регистарските таблички, што може значително да им го отежни престојот и враќањето дома.

Најнови вести