ПРВ.мк
Балкан

Македонски работник загина по пад од скеле-еве ги деталите

Македонски работник загина по пад од скеле-еве ги деталите

Трагедија го потресе македонското работничко тело во Словенија. Во понеделникот попладне, 53-годишен градежник од Македонија загина при пад од осум метри високо скеле во населбата Шемптер кај Нова Горица.

Несреќата се случила околу 15:30 часот додека работникот вршел занаетчиски работи на фасадата на деловен објект. Тој паднал на насип или на поплочен тротоар и останал неподвижен. Колегите веднаш повикале итна медицинска помош, но лекарите не успеале да го реанимираат и констатирале смрт на местото на настанот.

Полицијата го известила истражниот судија и државниот обвинител, а инспектор од Трудовиот инспекторат присуствувал на увидот. Наредена е обдукција за утврдување на точната причина за смртта, додека истрагата за околностите на падот продолжува.

Escape