ПРВ.мк
Балкан

Македонец обвинет за обид за ликвидација на балкански мафијаш – Интерпол издаде потерница

Македонец обвинет за обид за ликвидација на балкански мафијаш – Интерпол издаде потерница

Црногорската полиција издаде меѓународна потерница по 18-годишниот Андреј Танасковски од Северна Македонија, кој е осомничен за обид за убиство на познатиот мафијаш Марко Љубиша – Кан (56). Настанот се случил пред осум дена во луксузен хотелски комплекс во Пржно, каде што Танасковски испукал два куршума кон Кан, при што му нанел повреди на главата.

Истражителите откриле дека осомничениот користел лажна српска лична карта на име Ј.Г. за да се смести во хотелот. По нападот, побегнал во непознат правец. Полицијата го товари за обид за убиство, незаконско поседување оружје и експлозиви, како и за употреба на фалсификувана исправа.

Камерите во хотелот го снимиле без маска додека се доближувал до жртвата на помалку од еден метар. Сепак, поради лизгање на мокра плочка, не успеал да испука смртоносен и прецизен истрел. Потоа избегал преку оградата од базенот и се изгубил.

Црногорските власти апелираат до граѓаните веднаш да пријават доколку го забележат или доколку побара сместување, предупредувајќи дека секое прикривање е кривично дело.

Escape