Настапот на Јелена Карлеуша во Лозница беше нагло прекинат откако околу стотина демонстранти влегоа на концертот. Полицијата веднаш интервенираше и ја евакуираше пејачката до автомобилот, додека студентите и блокадерите ја навредуваа со погрдни зборови.
Карлеуша, на бината, ги нарече демонстрантите „пики“, истакнувајќи дека тие се насочуваат кон секој кој има поинакви ставови, а таа јавно ја поддржува актуелната власт. При заминувањето, демонстрантите ѝ довикуваа „куво“, на што таа одговори со краток поздрав.