ПРВ.мк
Балкан

„Ловци на педофили“ претепале маж до смрт - ова се тинејџерите што ќе одговараат пред законот!

„Ловци на педофили“ претепале маж до смрт - ова се тинејџерите што ќе одговараат пред законот!

Окружното обвинителство во Пловдив побара мерка притвор за пет малолетници – три момчиња и две девојчиња на возраст меѓу 14 и 17 години, кои под лажно претставување како „ловци на педофили“ брутално претепаа 37-годишен маж, кој подоцна им подлегна на повредите во болница. Злосторството било претходно смислено преку социјалните мрежи, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од страна на самите напаѓачи.

Истражните органи открија дека 17-годишна девојка од групата се допишувала со жртвата од Кричим, лажно претставувајќи се како 15-годишничка. Откако мажот се договорил за средба под Младинскиот рид во Пловдив, тинејџерите му поставиле заседа копирајќи ги методите на самопрогласените групи за „ловење педофили“. Случаен минувач го пронашол несреќниот човек во критична состојба со тешки повреди на главата и виталните органи, а и покрај ирната лекарска интервенција, тој починал по неколку часа.

Иако првичната полициска акција опфати десетина млади лица, обвиненија се подигнати против петмината кои имале најактивна улога во тепањето и исмејувањето на жртвата. Истрагата покажа дека осомничените доаѓаат од семејства со солиден социјален статус и одат во елитни училишта, додека за двајца од нив се утврди дека се под истрага и за друг претходен инцидент на насилство во градот.