ПРВ.мк
Балкан

Крвав празник во регионот: 18-годишно момче убиено пред ресторан во Србија, напаѓачот во бегство

Крвав празник во регионот: 18-годишно момче убиено пред ресторан во Србија, напаѓачот во бегство
Kristal

Трагичен инцидент го потресе српското место Товаришево, во близина на Бачка Паланка, откако рано утрово, околу 3 часот по полноќ, 18-годишно момче беше смртно избодено пред ресторан.

Според информации објавени од српските медиуми, младиот човек бил прободен со нож во пределот на вратот. И покрај брзата реакција на итната медицинска помош, тој починал во амбулантното возило на пат кон болница.

Очевидци изјавиле дека на трагедијата ѝ претходела расправија, по што ситуацијата ескалирала со фатален исход. Деталите за причините и текот на конфликтот засега не се официјално потврдени од надлежните институции.

Како што пренесува Блиц, осомничениот за убиството сè уште е во бегство. Полицијата спроведува интензивна потрага, а местото Товаришево е под засилени безбедносни мерки и полициска блокада.

Надлежните органи работат на расветлување на сите околности поврзани со убиството, а се очекува во текот на денот да бидат соопштени повеќе официјални информации. Настанот предизвика силна вознемиреност кај локалното население, особено поради фактот што трагедијата се случи за време на празничните денови.

Истрагата е во тек.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape