ПРВ.мк
Балкан

КРАЈ НА БЕГСТВОТО: Србин со потерница уапсен во шума во Црна Гора - еве кој му помогнал да ја помине границата!

КРАЈ НА БЕГСТВОТО: Србин со потерница уапсен во шума во Црна Гора - еве кој му помогнал да ја помине границата!

Новосаѓанецот М.Б. (25) е уапсен во Црна Гора под сомнение дека нелегално ја преминал државната граница, соопшти Управата на полицијата.

Според информациите, тој бил лоциран од страна на граничната полиција во пограничното подрачје кај Гусиње, каде се движел пеш преку таканаречената „зелена граница“, од правец на Албанија кон Црна Гора.

Полицијата постапила по оперативни информации дека лице за кое постои потерница во Србија би можело да се обиде да влезе во државата на нелегален начин.

По извршена проверка преку Заедничкиот центар за полициска соработка во Требиње, потврдено е дека лицето е регистрирано како сторител на повеќе кривични дела и прекршоци во Србија, каде што и се бара од надлежните органи.

М.Б. е уапсен поради прекршок – нелегален премин на државната граница надвор од граничен премин, како и поради ризик од бегство.

Тој е спроведен пред надлежен судија за прекршоци во Беране, каде ќе се одлучува за понатамошната постапка.