ПРВ.мк
Балкан

КИДНАПИРАН МАЖ: Го пикнале во гепек и побегнале - полицијата со детали!

КИДНАПИРАН МАЖ: Го пикнале во гепек и побегнале - полицијата со детали!

Загребската полиција потврди дека е запознаена со случајот и дека ја примила снимката од инцидентот.

Полицијата го истражува инцидентот што се случи пред загребскиот „Арена Центар“, каде четворица мажи физички нападнале еден маж и, според изјавите на сведоците, насила го пикнале во багажникот на автомобил, јавува „24sata“.

„Го удираа, а потоа го фрлија во гепек и се одвезоа во правец на Лидл. Полицијата многу брзо пристигна на местото на настанот. Колку што видов, еден минувач успеа да ја запише регистарската табличка“, раскажува сведокот.

На снимката што ја објави „24sata“ се гледа нападот и мажот кој повикува на помош додека напаѓачите го влечат. Напаѓачите потоа го бутнале во багажникот и заминале. Снимката можете да ја погледнете овде.

Загребската полиција потврди дека е запознаена со случајот и дека ја примила и снимката од инцидентот. Набрзо по настанот, полициските службеници привеле четворица осомничени мажи, кои сега се наоѓаат под полициски надзор, додека повредениот маж е пренесен на лекување во КБЦ Загреб. Криминалистичката истрага со која се утврдуваат сите околности на настанот сè уште е во тек.