ПРВ.мк
Балкан

ХОРОР ВО РИЕКА: Се урна балкон од напуштена куќа - еве колку лица се заробени под балконот!

ХОРОР ВО РИЕКА: Се урна балкон од напуштена куќа - еве колку лица се заробени под балконот!

Драматична несреќа се случила вчера вечерта во риечката населба Печине, во Хрватска, кога во близина на хотелот „Јадран“ се урнал балкон од напуштена куќа во која се наоѓале двајца млади.

Полицијата ја примила дојавата во 20:45 часот, по што на терен веднаш се упатиле пожарникарски екипи и Брза помош. Пожарникарот Матија Распор изјавил за „Индекс“ дека спасувачката акција траела речиси час и половина поради тешко пристапниот терен, при што пожарникарите морале со јажиња да се спуштаат до урнатините. Младите биле затрупани под парчиња бетон, па спасувачите внимателно ги отстранувале камењата за да спречат дополнителни повреди, по што успешно ги извлекле и ги пренеле на лекарите.

Според информациите на медиумите, станува збор за објект во кој младите често влегувале низ оштетена ограда, а надлежните служби остануваат на терен за да ги утврдат сите околности под кои дошло до уривањето.