Белградската полиција уапси три лица осомничени за бруталното убиство и грабеж на 73-годишниот Радивоје Гајиќиќ, сопственик на продавница за овошје и зеленчук на Карабурма.
Според српското МВР, осомничените М.Ѓ. (1986), М.С. (1995) и М.К. (1994) биле приведени по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград. Се сомнева дека две од нив на 2 август навечер влегле во станот на жртвата, каде што му ги врзале рацете и нозете, а во устата му ставиле ткаенина.
Потоа од сефот одзеле засега непозната сума пари, додека третата осомничена ја чувала околината и требало да ги предупреди доколку се појави некој.
Телото на 73-годишникот било пронајдено следното утро без знаци на живот.
При апсењето, полицијата ги затекнала две од осомничените во автомобил „Фолксваген“, за кој постои сомнение дека бил купен со дел од украдените пари. Дел од парите биле пронајдени во возилото, а останатите при претрес на простории што ги користел третиот осомничен.
На тројцата им е одредена мерка задржување до 48 часа, по што ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.










