ПРВ.мк
Балкан

ХОРОР СЦЕНА: Жена заглавена во врата од автобус била влечена по улица и тешко повредена!

ХОРОР СЦЕНА: Жена заглавена во врата од автобус била влечена по улица и тешко повредена!

Сериозна несреќа ја потресе белградската населба Земун, откако 77-годишна жена се здобила со тешки повреди при излегување од автобус, во инцидент што предизвика големо вознемирување кај очевидците.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, жената останала приклештена во вратата од автобусот во моментот кога возилото продолжило да се движи, по што била влечена по улицата додека не паднала на коловозот.

Инцидентот се случил утрово околу 8:50 часот на улицата „20 Октомври“ во Земун, на автобуската линија број 15.

Очевидци и извори за „Блиц“ наведуваат дека последиците биле сериозни – жената се здобила со тешки повреди, меѓу кои скршена брада, искршени заби, повреди на градниот кош и повреда на левата рака.

На местото на несреќата веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, по што повредената била итно пренесена во Ургентниот центар во Белград, каде ѝ е укажана медицинска помош.

Најнови вести