Српскиот фолк пејач Марко Булат денеска (17.04) бил пријавен за семејно насилство од неговата сопруга Марија Булат, откако, според пријавата, по расправија дошло до физички напад.
Марија повикала полиција, по што службениците интервенирале и го однеле пејачот во полициска станица на разговор, додека таа била испратена на лекарски преглед.
Според информациите, пријавата била повлечена по кратко време, но случајот предизвика големо внимание во регионалните медиуми.
Марко и Марија Булат се во брак од 2015 година и имаат две деца, а ова им е втор брак на двајцата. Нивниот однос и претходно бил проследен со проблеми и пријави.
Во 2024 година, самиот Марко Булат ја пријавил сопругата за семејно насилство, според негови изјави во медиумите.
Инаку, пејачот е познат и на македонската публика, особено по учеството во реалното шоу Survivor, каде настапуваше заедно со Тони Зен.










