ПРВ.мк
Балкан

Полицајци избегале за време на напад во Киев - еве каква казна им одреди државата!

Полицајци избегале за време на напад во Киев - еве каква казна им одреди државата!

Полициски службеници во Киев се суспендирани од должност откако биле снимени како се повлекуваат за време на вооружен напад, соопшти началникот на украинската национална полиција Иван Вихивски.

Според информациите, министерот за внатрешни работи Игор Клименко наредил отворање официјална истрага за постапките на патролните полицајци за време на инцидентот во округот Голосеевски. Во тек е анализа на видео-снимки и испрашување на сведоци, а материјалите ќе бидат доставени до Државното биро за истраги.

Клименко нагласил дека полициската должност „служи и заштити“ мора да биде поткрепена со конкретни постапки, особено во ситуации кога се загрозени животи.

Според првичните информации, вооружен напаѓач отворил оган врз минувачи, потоа влегол во супермаркет и зел заложници. Напаѓачот бил ликвидиран при интервенција на безбедносните сили. Во нападот, кој украинските власти го третираат како терористички чин, загинале најмалку шест лица, а повредени се повеќе од десет.