Необична и симпатична сцена снимена на Јадранот ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, откако делфин им се придружи на капачите и започна да си игра со нив.
Видеото, кое најпрво го објавија хрватските медиуми, за кратко време стана вирално. На снимката се гледа како делфинот без страв им приоѓа на луѓето во плитката вода и со голема умешност ја оттурнува розово-белата топка за плажа кон нив.
Капачите со воодушевување ја прифаќаат играта, ја враќаат топката, а делфинот повторно ја оттурнува кон нив, создавајќи несекојдневен момент кој ги насмеа сите присутни.
Снимката предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи.
„Така треба да изгледа светот“, „Каква среќа за луѓето што ја доживеале оваа средба“, и „Само ме интересира дали на крајот делфинот си ја зема топката“, се само дел од коментарите под видеото.








